Мексиканските јавни безбедносни сили (FSPE) во Гуанахуато својата 186-годишнина неделава ја прославиле со заклетва на 185 нови офицери. Според изданието Mexican Zona Franca, исто така е најавено дека во текот на годината во употреба ќе бидат ставени голем број на спортски автомобили и други возила запленети од организираниот криминал

Градоначалникот, Диего Родригез Ваљехо, на настанот изјавил дека кон флотата на безбедносните сили се вклучени и шест возила од тип Chevrolet Camaro, потоа Ford Mustang, две Cadillac возила и една Corvette Stingray.

Не само што криминалците сега ќе бидат гонети со многуте брзи автомобили кои некогаш тие ги поседувале, туку и трошоците за одржување на возилата ќе бидат исплатени од други заплени како што се пари и имоти од други криминалци.

Додека повеќето го гледаат ова како доста задоволителен пресврт на настаните, не сите во Гуанахуато се задоволни. Еден политичар, Серџо Контерас Гереро, лидер на Партијата на зелените еколози во Мексико, го критикува потегот велејќи дека безбедносните сили не знаат како да ги возат овие автомобили и дека деловите за нивно сервисирање се скапи. Тој додал дека ова е само „сеење магла“ за да се одвлече вниманието од зголемувањето на стапката на убиства.