Лесните комерцијални возила во доцните 1930-ти години биле класифицирани како несуштински за воените напори…

Opel Lieferwagen Type 1,5-23 COE (Cab over engine), 1937

Производителите на автомобили генерално целосно се свесни за својата историја и имаат луѓе кои се задолжени за архивите. Но, понекогаш се случуваат и изненадувања – како ова. 

На аукција се појавиле фотографии од досега непознат прототип на Opel комбе од 1930-тите. Возилото за испорака е без долгиот капак на моторот, вообичаен во тоа време, односно преттавен е дизајн на кабина над моторот, што денес е вообичаено. 

Проектот 1.5-23 COE никогаш не влегол во сериско производство. Веројатно за тоа одлучиле политичките околности, промената на германската политика, која сите индустриски капацитети ги насочила кон производство на оружје.

 

Овие фотографии ги немало ниту во архивата на Opel, односно никој не знаел за наведеното комбе.

Се чини дека проектот 1,5-23 COE дошол прерано и (или) во лошо време. Лесните комерцијални возила биле класифицирани како несуштински за воените напори, а во Opel веројатно сфатиле дека производството нема да донесе профит.