Дејвид Бекам инвестира во електрични автомобили
Купи акции на Lunaz
Дејвид Бекам покрај фудбалот, ги обожува и автомобилите, и тоа не било кои, туку класиците. Бекам веќе подолго време е клиент на еден таков производител, а сега и акционер во Lunaz.
На прв поглед е многу тешко да се поверува дека овие прекрасни тела кријат електричниот погон.
Автомобилската индустрија покрај фудбалот е голема страст на Дејвид Бекам. 46-годишниот Британец, кој со години работеше напорно на својата позиција, пензионирањето го зачинува со попријатни деловни активности, а последната во низата е воспоставување соработка со компанијата Lunaz Design.
Љубителите на електрични автомобили можат да ја поврзат оваа компанија главно со спектакуларни преработки на класици. Lunaz Design има голем број електрични модификации, вклучувајќи ги и Rolls-Royce Phantom V или Jaguar XK120. Од гаражата на оваа компанија неодамна излезе и првиот Range Rover, вреден околу 250.000 долари во електрична, реставрирана верзија.
Компанијата во која значителен удел имаат бројни инвеститори и купувачи, постојано се развива. Една таква личност е Дејвид Бекам, кој деновиве се стекна со удел од 10 проценти.
„Lunaz претставува најдобро од британската генијалност, технологија и дизајн“. – вели Бекам, кој сега веројатно уште почесто ќе ги користи услугите на оваа уникатна работилница.
Значајно е тоа што многу британски познати личности и деловни луѓе веруваат во потенцијалот на Lunaz. Акции во компанијата, покрај Бекам, поседуваат и Daily Telegraph, семејството Баркли и браќата Reuben.