BMW официјално ја промовираше новата генерација на Серија 4 Coupe (интерна ознака G22) во јуни 2020 година, потоа Серија 4 Cabrio (G23) пристигна во септември, неодамна го видовме електричниот BMW i4, за сега пред нас да биде новата Серија 4 Gran Coupe (G26)

Автомобилот е базиран на платформата CLAR, при што новата генерација добила 5 mm подолго меѓуоскино растојание, како и поширока трага на тркалата (6 mm напред и 19 mm позади). Што се однесува до багажникот, неговиот волумен сега е 470 литри, или 1290 литри со спуштени задни седишта.

Новата Серија 4 Gran Coupe е базирана на платформата CLAR и 15 сантиметри подолга, 2,5 cm поширока, како и нешто повеќе од 5 сантиметри повисока во споредба со моделот што го заменува. BMW ја проширил трагата на тркалата напред за 4 cm и за 1,8 cm назад. Со зголемено меѓуоскино растојание од 4,6 cm, новитетот изгледа похармонично, или можеби е подобро да се каже дека изгледа поелегантно.

Додека впечатливите предни „бубрези“ продолжуваат да привлекуваат внимание однадвор, за ентериерот ќе се нуди и 12,3-инчна инструмент табла спарена со централен екран за инфо-забавниот систем од 10,25 инчи.

Автомобилот секако ќе биде достапен со голем број системи за безбедност и асистенти за возачот. Тука треба да се споменат Active Guard Plus (содржи информации за ограничување на брзината, систем за предупредување за напуштање на сообраќајната лента, предупредување за судир и налетување на пешаци, автоматско сопирање…), опционалниот Driving Assistant (активен темпомат со Stop & Go, систем за одржување на возилото во сообраќајна лента…), како и head-up дисплеј и Intelligent Personal Assistant.

Основната верзија 430i под хаубата крие дволитарски бензинец со четири цилиндри и со помош на турбо асистенција нуди 258 коњски сили и 400 Nm максимален вртежен момент.

Во гамата помеѓу останатото ќе се најде и верзијата BMW M440i xDrive Gran Coupe, која располага со 3.0-литарски 6-цилиндерски мотор со 275 kW / 374 КС и 500 Nm под хаубата, со 48V mild-hybrid технологија. Пакетот вклучува и 8-степен менувач Steptronic, погон на сите четири тркала, сопирачки M Sport и 18-инчни M тркала (опционално 19-инчни). Забрзувањето до стотка е за 4,4 секунди.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

Highlights

The all-new BMW 430i Gran Coupé

The all-new BMW M440i xDrive Gran Coupé

Продажбата започнува во ноември, по следниве цени (Германија): верзијата 420i за 45.800 евра, 430i за 50.800 евра, 420d за 48.300 евра (50.800 евра со xDrive погон) и M440i xDrive за 67.200 евра.

Loading...

GogoAnime | Watch Anime Online - Gogo Anime Real

Galactic Patrol Lensman (https://kissanime.mx/m/N0Yl) Episode 19

AnimeTV Watch Anime Online | AnimeTVStreaming Anime Episodes

Website https://animeheaven.pro: Watch The Green Cat animeheaven Episode Full animeheaven unblocked

Forexfactory: https://www.forexfactory.com/gogoanimebe

Forum feed-the-beast: https://forum.feed-the-beast.com/members/animefreakws.488024/#about