Деби за „стравот“ на Tesla – пристигна Polestar 2
Шведската компанија Polestar, филијалата на Volvo za електрични автомобили со високи перформанси, го претстави својот прв комплетно електричен автомобил, компактен фастбек под ознака 2
Polestar 2 се смета за прв вистински конкурент на Tesla Model 3.
Овој целосно електричен автомобил се напојува со два електрични мотори кои заедно развиваат 408 КС со вртежен момент од 660 Nm.
Батеријата од 78 kWh за пазарите надвор од Кина обезбедува автономија од околу 500 километри според новите WLTP стандарди.
Polestar планира својот автомобил во Германија да го продава за околу 40.000 евра, но во првите 12 месеци, ќе биде достапна само верзијата Launch, која чини 60.000 евра, без данок.
Polestar 2 се базира на Volvo CMA платформата на која е поставен и компактниот SUV XC40 и кинескиот автомобил Lynk & Co 01 од Geely, кој ги поседува сите овие брендови.
Автомобилот, исто така, ќе понуди Performance пакет кој вклучува Ohlins амортизери, Brembo сопирачки и 20-инчни фелни од лиено железо, златни безбедносни ремени, како и вилушки на системот за сопирање и капаци на вентилите во златна боја.
Една од заштитните знаци на Polestar 2 е тоа што првиот продукциски автомобил со Android мултимедијален систем со кој се управува преку 11-инчен екран на допир.
Други уникатни детали се новите Pixel LED фарови, ретровизори без рамка …
Почетокот на прозиводството на моделот 2 е планиран за почетокот на 2020 година во Кина од каде ќе се извезува на сите пазари, а прво ќе се појави во САД, Канада, Белгија, Германија, Холандија, Норвешка, Шведска и Обединетото Кралство.
ФОТО ГАЛЕРИЈА
[useyourdrive dir=”19L5_3tWpfceAGPycOOU6-UDzjTApE2ol” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]
Polestar 2 за 2020 година официјално ќе дебитира на салонот за автомобили во Женева кој започнува на 5 март.