Chevrolet официјално го претстави својот нов модел – Corvette Stingray за 2020 година

Еден од најочекуваните модели на годината, новиот C8 е откритие, бидејќи станува збор за првиот модел на Corvette со средишно поставен мотор. Со оваа одлука конечно е исполнет деценискиот сон на Зоре Аркус-дент, славен автомобилски инженер кој своевремено во голема мера го унапредил моделот, туку и целиот Chevrolet.

Механичката и структурната реорганизација на Corvette C8, предизвикала промени во дизајнот на надворешноста и пропорциите на возилото, така што носот на автомобилот сега е многу пократок, бидејќи напред повеќе нема мотор, а просторот зад кабината е проширен. Како и со многу други суперспортски автомобили со централно поставен мотор, дизајнерите зад кабината оставиле „прозорец“ од кој се гледа V8 агрегатот. 

Моделот има кров на склопување, па така од купе конфигурација лесно се претвора во тарга стил

Кокпитот на C8 е значително модернизиран и целосно ориентиран кон возачот. Покрај командите за мануелно менување на брзинит, на управувачот има и специјално Z копче што му овозможува на возачот да ги прилагоди подесувањата на автомобилот според сопствените желби. На контролната табла, пред возачот се наоѓа 12-инчен дигитален екран, наместо аналогните инструменти, а тука е и големиот централно поставен дисплеј од мултимедијалниот систем. Аудиосистемот со 10 звучници е на брендот Bode и е стандарден дел од опремата, а опционално може да се нарача подобар уред со дури 14 звучни единици.

Моќноста на моделот доаѓа од новиот 6.2-литарски LT2 V8 мотор централно поставен, кој испорачува максимум 497 КС и вртежен момент од 630 Nm. Со Z51 Performance пакетот, истиот мотор испорачува 502 КС.

Новата Corvette нема да се нуди со рачен менувач. Наместо тоа, погонскиот систем ќе биде впарен со автоматски менувач со осум брзини и погон на задните тркала.

Американскиот производител соопшти дека масата на возилото изнесува 1.530 килограми, а при изградбата на автомобилот во голема мера биле користени алуминиум и јаглеродни влакна. Corvette C8 ќе се испорачува со тркала од 19 и 20 инчи на кои се поставени Michelin Pilot Sport ALS гуми. Сопирачките се од Brembo со дискови од 321 mm во дијаметар напред и 339 mm назад.

Иако сеуште не се познати сите перформанси, познато е дека автомобилот до 96 km/h ќе може да забра за помалку од три секунди.

Производството започнува кон крајот на годината, а се очекува дека почетната цена ќе биде под 60.000 долари. Тоа е повеќе од претходникот, но ова сега е вистински суперспортист.

За време на промоцијата на Corvette C8 Stingray претставена е и предпродукциска верзија на класичната кабриолет верзија без никакви информации за моделот.