Деби за електричниот ван на Mercedes
Пет месеци по премиерата на концептот, Mercedes-Benz ја претстави производната верзија на својот електричен ван EQV
Новиот член на EQ семејството на Mercedes комбинира возење без загадување со импресивни возачки способности, висока функционалност и естетика.
Моделот EQV се придвижува со електричен мотор со моќност од 204 КС и 362Nm кој обезбедува максимална брзина од 160 km/h.
Батеријата од 90 kWh обезбедува автономија од 405 километри, а од 10-80 проценти од капацитетот се полни за помалку од еден час.
Надворешноста ја красат хромирана предна рамка, лесни 18-инчни фелни, додека внатре лесно е воочлив мултимедијалниот систем Mercedes MBUX со 10-инчен екран на допир.
Моделот EQV е долг 5.140 mm со меѓуоскино растојание од 3.200 mm и карго капацитет од 1.030 литри во зависност од опремата.
Електричниот ван на Mercedes има флексибилна инсталација на индивидуалните седишта или клупи, така што може да биде со седум или осум места за патници.