На средба со медиумите, во салонот на Kia Motors Македонија во Скопје и официјално својата македонска премиера ја имаше новиот ProCeed Shooting Brake

Падот на популарноста на моделот со три врати се чини го принуди корејскиот производител повеќе да не се фокусира на таа каросерија. Сепак, добро познатото име ProCeed е задржано и доделено на таканаречениот shooting brake модел, кој има за цел да преземе барем дел од клиентите во премиум сегментот

Старо име за нов концепт на автомобил. Ова е најлесниот начин да се опише новиот ProCeed. Поточно, Kia и во досегашните две генерации го имаше моделот Pro_Ceed кога стануваше збор за купе верзија со три врати. Сега моделот има сосема нова филозофија. Новиот ProCeed (покрај малата промена во името) означува shooting brake каросерија со 5 врати! Иако станува збор за корејски производител, тие самите со гордост велат дека ова е европски производ. ProCeed е дизајниран, развиен и конструиран во одделот R&D во Европа, во Франкфурт, а произведен во Словачка, исто како и Ceed и Ceed Sportswagon, за европските клиенти.

Следејќи ги желбите на клиентите, истражувањата покажале дека популарноста на караванските модели е многу голема, додека интересот за купе моделите паѓа. Соодветно на тоа, одлуката на Kia била развој на shooting brake верзија, а целта привлекување на нови клиенти кои сè уште не размислувале за еден од моделите на овој корејски производител. Купувачите кои би купиле shooting brake верзија, внимаваат на дизајнот на автомобилот, потоа на новите технологии со кои може да биде опремен, како и на дизајнот на патничкиот простор. Клиентите кои пак купуваат караван или Sportwagon верзија велат дека секогаш купуваат ист модел, ја ценат целокупната сигурност, како и удобноста и просторот.

Имајќи го сето ова во предвид, здружени се предностите на двата модела, па од Pro_Ceed е искористен спортскиот дизајн, а од карванот функционалноста и разноврсноста. Новиот ProCeed со 460,5 сантиметри е за 5 mm подолг од сегашниот SW модел. Во исто време, со 142,2 cm е за дури 4,3 cm понизок од караванот и истовремено најнизок модел во С-сегментот, со еднаква ширина и меѓуоскино растојание како и хечбекот.

Иако на купувачите на shooting brake модел просторот за багаж не им е клучен, интересно е да се види дека до 594 литри ProCeed навлегува во сегмент погоре или за 99 литри поголем простор од директниот конкурент Mercedes CLA shooting brake. 

Kia за ProCeed предвидела две верзии – GT Line и GT. Додека првата означува динамичен изглед и чувство, GT верзијата испорачува возни карактеристики со високи перформанси и возбуда. GT моделот е препознатлив по црвените детали, како на предната решетка и деталите на браниците, како и по страничните прагови, црвените вилушки на диск сопирачките, подинамичен долен дел на задниот дел од возилото, црвените шавови во внатрешноста… GT Line доаѓа со 17-инчни алуминиумски фелни додека ProCeed GT доаѓа стандардно со 18-инчни алуминиумски фелни.

Бензинската понуда ја отвора популарниот 1.0-литарски T-GDi мотор со 120 КС и 172 Nm вртежен момент. Спарен е со 6-степен мануелен менувач. Помоќна опција е моторот 1.4 T-GDi, кој произведува 140 КС. Доаѓа стандардно со 6-степен мануелен менувач, а опционално со 7-брзински роботизиран менувач со двојна спојка – 7 DCT. Истата опција на менувачот е достапна и за единствениот дизел, 1.6-литарскиот CRDi модел со 136 КС. Овие мотори се подготвени за моделите GT Line. Ако сакате вистински GT модел, тогаш тука е 1.6-литарскиот бензински T-GDi со 204 коњски сили и 265 Nm вртежен момент.

Внатрешноста се карактеризира со впечатливи дизајн и спортски стил. Тука е високиот квалитет на црните седишта во комбинација од антилоп и кожа, сивата опшивка кај GT-Line, односно црвена кај GT, а тука се и елегантниот спортски управувач во D-стил со рачки за менување на степенот на пренос, спортски режим на возење кај GT варијантата, контролна табла со 8” екран на допир и систем за навигација… За потполна удобност тука се автоматската контрола на климатизацијата преку дигиталниот екран и можноста за греење и проветрување на предните седишта, како и греачи за предното стакло со автоматско одмаглување.

Да не ја заборавиме и сериската опрема за безбедност која доаѓа со двата модели: ЕЅС-систем за контрола на стабилизација на возилото, АВЅ-контрола на силата на сопирање и спречување на блокирање на тркалата при ненадејно сопирање, НАС-помош при тргнување на нагорнина, ТРМЅ-контрола на притисок во пневматиците, ВСW-систем за детекција на „мртов агоп” и детекција на попречен сообраќај при возење назад, LКАЅ -систем за одржување на возилото во лента, FCA – систем за избегнување фронтален удар со детекција на возила и пешаци, 6 воздушни перничиња, центрапно далечинско заклучување со аларм, сензори за паркирање напред и назад со звучна и визуелна сигнапизација, задна камера за паркирање. 

Од Киа Моторс Македонија велат дека забавата започнува овде, храбро и смело, елегантно и префинето, стилски и спортски, како и новиот Kia Proceed кој е достапен во продажната мрежа на компанијата. 

За повеќе информации посетете ги салоните на македонскиот импортер КММ или посетете ја веб страната kia.mk.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”17DicxCelvWNXp9KnN_ZUqa73cD8_1wtq” maxheight=”70%” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]