Со фантастичен сет ап и подготвеност од страна на организацијата АКК Рено Спорт Скопје заедно со Лема Расинг вчера се одржа втората трка на тркачката патека во Гробник, Хрватска

Како и во саботата, повторно брилијантен – првото место на подиумот му припадна на Давид Малинковски со време од 02:02.460, второто место на Владимир Тренески со 02:02.442, додека пак третопласиран беше Марко Блажевски со време од 02:05.152.

Давид Малинковски го делеа метри до освојување на првата победа во Twingo Cup, но на последните метри пред целта на Гробник во мешаницата од возила не успеа да се снајде и заврши како четвртопласиран.

Toj по вторпат сезонава завршува како четвртопласиран во генералниот пласман.

Пласманите на останатите Twingo CUP натпреварувачи се следните: Мартин Костовски (21), Ангелче Стојковски (22) Зоран Мираковски (20) додека пак Слободан Трајковски не ја заврши трката.

До крајот на годината планирани се најмалку уште две трки од Twingo CUP на Европските автодроми.

На следниот линк може да ги погледнете двете трки од Twingo CUP овој викенд во Гробник: