На глобално ниво работите не се движат во позитивна насока

Трендовите се такви што секако може да се очекуваат значителни зголемувања на цените на гумите за автомобили и комерцијални возила. Имено, во скоро целиот синџир на производство и снабдување, се забележува пораст на цените, и тоа значителен.

Трошоците за природната гума во првата половина на 2021 година биле во просек 57 проценти повисоки од минатата година. Зголемувањето на цените на нафтата значеше и дека цената на синтетичката гума во првите шест месеци е 66 проценти над просекот во 2020 година. Цената на електричната енергија е зголемена за 154 проценти во споредба со просекот од претходната година, што е особено важно за земјите каде се произведуваат гуми. Исто така, зголемени се и цените за превозот со бродски контејнери (за повеќе од 200 проценти).

Зголемувањето на цените на гумите во Европа веќе се случи оваа година, а во целиот систем производител-трговец, маржите се малку намалени, со што се избегнуваат поголеми поскапувања. Сепак, во втората половина на годината се очекува гумите да бидат значително поскапи.