Дали знаете зошто Euro 4 дизелите се почисти од Euro 5?
Според истражувањето спроведено од страна на германската Сојузна агенција за животна средина, во текот на претходната година, разликите кои се јавуваат во однос на лабораториските и реални услови, по прашање на емисиите на штетни гасови, се огромни
Можеби за многу е изненадувачки податок, но резултатите до кои дошла агенцијата укажуваат на тоа дека дизел возилата кои го исполнуваат стандардот Euro 5, се исклучок се најпрљавата генерација на „нафташи“. Во просек, возилата од таа ера, во услови на реална експлоатација емитуват околу 900 милиграми на азотни оксиди по километар, што е за пет пати повеќе од она што е постигнато во лабораториски услови.
Следат конвенционалните возила со дизел мотор, а кои се декларирани како компатибилни со стандардот Euro 4. Нивната „реална“ емисија на азотни оксиди достигнува ниво од 674 милиграми, што е за три пати повеќе резултатите на испитувањето во реални услови.
На трето место, верувале или не, се дизелите Euro 6, чија просечна емисија на NoX достигнува до 507 милиграми по километар. Тоа е, ни помалку – ни повеќе, шест пати повисоки вредности од законските граници.
За овие емисиони резултати во реални услови, се верува дека најзаслужни се дизел возилата произведени и во режија на Volkswagen Групацијата, со оглед дека тоа дека главната дизелгејт ѕвезда (моторот EA189) е прогласен како компатибилен Euro 5, но се покажало и дека не е баш така.
Што се однесува до лошиот пласман на Euro 6 претставниците, се верува дека значителен придонес за овие резултати има единицата диазајнирана од страна на Renault, а се користи од страна на различни модели од Renault-Nissan алијансата, но често и вво Daimler производи.
На крајот, според наодите на германската агенција, единствено најновиот Euro 6d-TEMP дизел е релативно чист.