Отпорот на воздухот расте квадратно со брзината – не линеарно

Животот не учи дека ништо не е лесно, а некои чудни закони на пазарот ја победуваат логиката. На пример, генерално цените на нафтата паѓаат, а цените на горивата радикално растат, односно се приближуваат до границата од две евра за литар.

Предупредувања никогаш доста, па затоа еве уште еден совет за економично возење. Колку е поголема брзината, толку е поголем отпорот на воздухот, што е клучен фактор за потрошувачката на гориво на автомобилот.

Отпорот на воздухот расте квадратно во однос на брзината – не линеарно. Така, дури и ако одите само малку побрзо, отпорот ќе се зголеми многу повеќе од вашиот ритам на возење, а со тоа и потрошувачката. При брзини од околу 140 km/h, автомобилот троши натпросечно количество гориво. На пример, германскиот автомобилски клуб (ADAC) пресметал дека автомобилите од средна класа трошат до две третини повеќе гориво кога возат со 160 km/h отколку со 100 km/h. Многу возачи сакаат да возат побрзо по македонските автопатишта, што секако не е економично (за безбедно и да не зборуваме).

Која брзина е идеална? Забрзајте енергично, префрлете во најголемиот можен степен на пренос и возете со брзини помеѓу 60 и 90 km/h. Тоа е најекономично. Се разбира, ова не е практично на автопат. Идеалната брзина овде е константна од 100 до 130 km/h во највисок степен на пренос.