Дали знаете кој е моделот кој најдолго се произведува?!
Сите знаеме за долговечноста и многуте генерации на Volkswagen Beetle, Volkswagen Golf или Toyota Corolla, Ford Fiesta… Сите овие модели се произведуваат со децении и уживаат огромна популарност низ целиот свет
Но, вистината е дека никој од нив не се произведува толку многу години колку херојот на овој напис. Неговото име е Chevrolet Suburban кој за првпат во производство влегол во далечната 1935 година. Да, токму овој модел се произведува цели 85 години.
Возилото во моментов е во својата 11-та генерација, споделувајќи заедничка платформа и технологија со сегашните Cadillac Escalade, Chevrolet Tahoe и GMC Yukon. Постојано се вртат разни шпекулации за неговата иднина, но барем засега од General Motors тврдат дека Suburban останува во производство.
Ако Chevrolet Suburban е најстариот модел според годините на производство, веројатно ќе се прашате кој е рангиран на второто место? Повторно, ќе бидете изненадени кога ќе дознаете дека таму се наоѓа уште еден американски модел. Ford F-Series или пикап серија на компанијата, чие производство датира уште од 1947 година.