Дали Tesla конечно се движи во вистинска насока?!
По повеќе месечните проблеми со производството на Model 3, Tesla се чини дека конечно влегува во посакуваниот ритам
Како што пренесуваат американските медиуми, Tesla во рок од една недела во почетокот на овој месец регистрирала повеќе од 8.000 илјади нови единици од Model 3.
Со овие возила Tesla стигнала до вкупно 42.942 испорачани единици од овој модел, кои требаше компанијата да ја внесат во групата на сериски производители.
Колку е важна оваа вест за Илон Маск е фактот дека за производство на првите 8000 единици од овој модел на Tesla и требало шест месеци (јули-декември 2017 година).
Илон Маск неодамна, по неколкуте вести за прекин на производството, воведување на 24-часовно работно време и огромна загуба на кеш, најави дека производство ќе ја достигне посакуваната цел од 5.000 возила неделно.
Пред околу еден месец Tesla беше под 30.000 произведени возила, но овој број е зголемен за повеќе од 50% во меѓувреме, што секако е позитивен знак.
Компанијата се надева дека до целта од 5.000 единици неделно ќе стигне до јуни, за кога е најавен почетокот на производството на Model 3 во верзија со два мотори и погон на сите четири тркала.