Дали навистина Nissan го купува Renault?
Јапонската компанија, наводно, започнала преговори со француската влада во врска со откупувањето на нејзините 15 отсто од акциите во Renault
Со овој потег целосно би се променила сопственичката структура на алијансата во која од 2016 година дел е и Mitsubishi, бидејќи според оваа понуда, владата ќе се откаже од своето влијание во Renault, а францускиот производител би се откажал од контролата над Nissan, пренесуваaт неименувани извори.
Секако, работа е далеку од завршена, затоа што таквите трансакции се под посебна лупа поради политички чувствителни прашања, а за владата на Франција е многу важно да не се добие впечаток на преземање.
Овие шпекулации се демантирани од страна на Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi и од редовите на француските власти. Алијансата тврди дека „се истражуваат можностите за подлабока синергија и зголемување на оперативната конвергенција, но дека не се планираат промени во сопственичката структура”.
Постојат и такви шпекулации според кои постои дури и опција менаџерската група да биде надгледувана од холандска фондација како вовед во интеграција во глобална автомобилска компанија со база во Амстердам.
Renault поседува 43,4 проценти од акциите на Nissan, но во 2015 година се согласи на ограничена контрола од својот поголем партнер. Од друга страна, Nissan во моментов поседува 34% од акциите на Mitsubishi, кој мораше да прифати финансиска инјекција од конкурентот по скандалот со местење на резултатите по однос на емисиите на штетни гасови, и 15% од Renault.
Според правилата на Токиската берза, Renault ќе го изгуби своето право на глас во Nissan, ако јапонскиот производител го зголеми својот удел во Renault на повеќе од 25%.
Во меѓувреме, ако француската влада го продаде својот дел во Renault, претседателот Емануел Макрон ќе се најде под уште поголем удар од јавноста отколку што е за продавање на националните компании, како што е производителот на брзи возови Alstom, во странски раце.
Покрај загубата на влијание, француската влада е загрижена и поради влијанието врз технолошките центри, индустриските работи и даночните приходи поради комбинацијата на бази на групата на различни локации.
За да ја прифати понудата, информациите велат дрка Макрон сака со договор да вклучи можни отстапки и гаранции за Франција, како што се вработување и инвестиции, членство во комисијата и можно вето на злоупотреба при донесувањето на стратешки одлуки.