Челниците на BMW ја разгледуваат можноста брендот MINI да биде резервиран исклучиво за електрични автомобили

MINI пред неколку дена го претстави својот прв EV, за кој веќе има резервации од 40.000 луѓе.

Популарноста на малите електрични автомобили би можела да го трансформира MINI во производител исклучиво на EV возила од 2030 година, пишува изданието Auto Express.

Една од главните причини за ова се се построгите еколошки норми и зголемувањето на бројот на градови што ја ограничуваат употребата на дизел и бензин погонски агрегати и се фокусираат на EV возила на нивните улици.

Со оглед на тоа дека автомобилите на MINI се првенствено градски автомобили, таквиот чекор е сосема логичен.

Овие шпекулации би можеле навистина да станат реалност, со оглед на тоа што до 2030 година автомобилската индустрија би можела значително да се промени и електричните автомобили да владеат на на патиштата, а кои во моментот сè уште сочинуваат само мал дел од пазарот.