Договорите за лојалност генерално се однесуваат на вработени и работодавци. Сепак, овој пат се користи и за јапонските купувачи кои не можат да го препродадат својот нов Toyota Land Cruiser една година по купувањето

Воглавно, во нашата „автомобилска реалност“ Toyota Land Cruiser е само интересна и необична идеја за луксузен SUV. Сепак, постојат земји во кои таков автомобил е репрезентативна лимузина, управувана од министер, претседател или шеф на банда (многу често тоа е иста личност).

Се разбира, Toyota го продава Land Cruiser низ целиот свет, но по одреден редослед. Забележано е дека во земјите особено ранливи на политичка нестабилност (благо речено) постои огромна побарувачка за новиот Land Cruiser. Локалните воени лидери веќе би сакале да го имаат и се подготвени веднаш да го „искешираат“. Проблемот е што новиот Land Cruser никој сè уште не им го продава, а може, затоа што само во Јапонија веќе се продадени 22.000 единици Land Cruiser J300.

Но… Сите тие морале да потпишат ветување дека нема да го продадат една година.

А, еден клиент може да купи само еден Land Cruiser. Купувачите на новиот Toyota Land Cruiser од Јапонија секако се многу пристојни луѓе (тука се мисли на Јапонците) и не мислат да го продаваат својот нов автомобил на Нигерија, Пакистан или Сирија, но тоа не го менува фактот дека не можете да влијаете на понатамошна дистрибуција на возилата по нивната продажба.

Toyota дури тврди дека неовластената продажба на Land Cruiser за „извоз“ може да доведе до глобална закана за безбедноста. На пример, водачот на терористичка група вози нов LC J300. Кога го гледа ривалски шеф кој постојано вози стар J200, се појавува љубомора, тој го напаѓа ривалскиот тим, има пукање и сите заедно напредуваат кон граѓанска војна.

Mercedes не толку одамна имаше сличен проблем со „S“ класата која заврши во рацете на севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун.