На само неколку недели пред почетокот на новата сезона во Formula 1, Mercedes го претстави својот најнов болид со кој сакаат да ја продолжат доминацијата од претходните сезони во кои освоија дури седум последователни титули светски шампион

Оваа година болидот е именуван како W12, а возачката постава е иста како и минатата година – Луис Хамилтон и Валтери Ботас се тимот во последната сезона пред промената на техничките прописи.

Валтери Ботас на презентацијата изјави дека се одморил за време на зимската пауза и дека е подготвен за напорната сезона во која треба да има дури 23 трки.

„Во текот на зимата добро се одморив, ги наполнив батериите и подготвен сум за новата сезона. Сакам да дојдам во Бахреин помотивиран од кога било и да влезам во борба за самиот врв“, изјави кратко Ботас.

Луис Хамилтон очекува интересна сезона и изрази задоволство од продолжувањето на соработката со Mercedes, тимот со кој влегува во својата деветта сезона по ред.

„Зимската пауза беше добра за мене да одморам по претходна година која на крајот се покажа како многу тешка во секој поглед. Продолжувањето на соработката беше очекувана и се радувам на новата сезона и новите победи“, изјави Луис Хамилтон.