Дали го отклучувате автомобилот „без клуч“? Можеби не треба / ВИДЕО
Меѓу најранливите се најпопуларните модели – Ford Fiesta, Volkswagen Golf, Nissan Qashqai и Ford Focus
Автомобили денес се повеќе компјутери на тркала отколку само средства за транспорт. Сепак, премногу модерна технологија лимените миленици може да ги направи и ранливи.
Истражувањето кое го спровела британската група Which? открива дека стотици најпопуларни модели на автомобили се на удар од крадци токму поради технологијата вградена во нив.
Се работи за технологијата отклучување без клуч кога сопственикот не мора да го извлече клучот од неговиот џеб, туку е доволно да приближи до автомобилот или да го допре. Групата Which? тестирала 237 модели на автомобили кои ја имаат оваа способност и откриле дека само три модели се заштитени од таква кражба.
Имено, хакерите можат да го „измамат“ системот со специјални уреди и со тоа да го отворат автомобилот без клуч. Откако автомобилот е отклучен, потребно е само истиот сигнал да се испрати до системот за стартување и да се притисне го копчето за палење.
За целиот процес на кражба се доволни само 18 секунди.
Меѓу најранливите се најпопуларните модели – Ford Fiesta, Volkswagen Golf, Nissan Qashqai и Ford Focus.
Главниот проблем е тоа што за ранливоста на таквиот систем производителите знаат со години, но само најдобрите (и најскапите) модели се подобро заштитени.
Производителите признаваат дека знаат за слабостите на системот и „работат на тоа да го зајакнат“, но засега решенијата што им ги препорачуваат на своите корисници се … „интересни“.
Така Merceds за постарите модели овозможува исклучување на оваа опција со двојно кликање на копчето за заклучување на клучот.
Возачите на Mazda можат бесплатно да ја контактираат поддршката за клиенти и да бараат исклучување на системот. Истото важи и за сопствениците на Peugeot.
„Најдоброто“ решение доаѓа од Ford, кој ги советува сопствениците клучот да го чуваат во метална кутија за да го намалат ризикот од пресретнување на сигналот или кражба.
Дури и Model S на Tesla има проблем со отклучувањето без клуч, но откако белгиските истражувачи откриле дека хакерите можат да го украдат автомобилот, проблемот е решен со ажурирање на софтверот.
Од групата Which? пак ги советуваат сопствениците „бесконтактните клучеви“ да ги држат подалеку од автомобилот, кога се дома или на работа, за да не ја отклучат вратата ненамерно и со тоа на крадците дополнително да им ја олеснат работата.