Во Toshiba веруваат дека паметните очила со камера би можеле дури и да ги заменат лаптоп уредите

Како ќе изгледаат технологиите и уредите кои ќе ги заменат компјутерите и паметните телефони? Иако големите компании често ги споменуваат проширената и виртуелната реалност и технологиите за носење, се чини дека се уште е премногу рано да се каже која од овие технологии, или кои уреди ќе преовладува во иднина.

Еден од уредите за кој се говори дека би можел да ги замени паметните телефони се паметните очила, а во Toshiba веруваат дека очилата би можеле да ги заменат и лаптоп комјутерите.

Компанијата претстави интересен нов gadget – паметни очила dynaEdge AR со моќен хардвер кој денес се користи и во лаптоп компјутерите, а кои се резултат на две години напорна работа и истражување.

Ние мислиме дека ова е новиот лаптоп. Тие ќе бидат се поприсутни, е коментарот на компанијата за Business Insider за новите очила со кои тие имаат многу големи планови. Сепак, за почеток очилата dynaEdge AR, нема да бидат достапни за обичните корисници, туку ќе бидат наменети за компании за професионална употреба. Овој gadget доаѓа со оптички модул кој содржи екран со резолуцијата од 640 x 360 пиксели и камера со резолуција од 5 MP, како и компјутер се наоѓа во еден уред со големина на голем паметен телефон, кој со оптичкиот модул е поврзан со USB кабел.

Особено интересно е тоа што уредот работи со оперативен систем Microsoft Windows 10, така што ова е еден од најмалите компјутери со Windows – на екранот се покажува класичен интерфејс на Windows, а Toshiba развила и посебен интерфејс за полесно управување со уредот.

Спецификациите на миникомпјутерот вклучуваат шеста генерација на Intel Core m процесор, до 16 GB меморија и SSD со капацитет до 512 GB, сензор за отпечаток од прст, батерија која би требало да овозможи околу четири часа работа, во зависност од употреба…

Оптичкиот модул може да се користи со класични очила, но исто така и на шлемовите на градежните работници и слично, во зависност од намената.

Интересен gadget. Погледнете го видеото!