Со тркала направени од штитови и суспензија од свински црева, оваа кочија го има најфиниот луксуз од 50 п.н.е.

Омилените галски воини ќе се возат со стил во најновиот филм за Астерикс и Обеликс бидејќи Citroën работи на кочија за ликовите. Инспирирано од легендарниот 2CV, возилото ќе ги вози ликовите во претстојниот филм „Астерикс и Обеликс: Средното Кралство“.

Замислен и изграден за само три месеци, дизајнерскиот тим на Citroën морал да работи прекувремено на овој проект, бидејќи на компанијата обично и се потребни 12 месеци за да создаде концепт возило. Сепак, според глобалниот директор за дизајн на компанијата, Пјер Леклер, францускиот производител на автомобили бил многу среќен што го видел проектот завршен.

„Ни беше дадена оваа неверојатна можност да создадеме и изградиме концепт автомобил од нула, а времето беше проблем на почетокот, но успеавме“, вели Леклерк. „Резултатот е ода за 2CV, легендарниот автомобил којо го претставува Citroen во неговиот полн сјај“.

Кочијата има прозорци, сончев покрив и дрвена каросерија инспирирана од класичниот Citroën. Исто така, има суспензија во форма на желудник на свиња, магично засилени светулки и тркала направени од рециклирани штитови со логото на Citroën. Кочијата се појавува во различни периоди во филмот, како на пример кога војската на Цезар стигнува до Кина, каде што е прикажана на билборд како ја влечат два коња. Рекламата е суптилна алузија на рекламата за Citroën снимена на Кинескиот ѕид, вели производителот на автомобили.

Дополнително, Citroën на филмската екипа и обезбедил флота од целосно електрични возила за употреба за време на снимањето. Производителот на автомобили има инсталирано и инфраструктура за полнење на сетовите за снимање. „Астерикс и Обеликс: Средното Кралство“ ќе излезе на Нетфликс во 2023 година. Интересно во филмот се појавува и Златан Ибрахимовиќ.