Дали Dacia ја напушта идејата за (само) евтин бренд? Новата идеја е „вредност за парите“!
Се чини дека моделот Sanderо ќе остане важна мамка за клиентите, но идејата е да се тргне и во сегменти каде маржите и профитот се многу повисоки
Прво Volkswagen го направи тоа со Škoda, а по истиот пат изгледа ќе оди и Renault со Dacia. Ако се сеќавате, автомобилите на Škoda некое време беа евтини, најчесто на постарите платформи на Volswagen, а потоа по одличните продажни бројки, цените и квалитетот почнаа да растат. Renault сега цели на повисоки маржи за Dacia, нејзиниот романски бренд. Новата идеја е „вредност за парите“, а целта не е само да се продаваат евтини автомобили.
„Маржите на Dacia сега изнесуваат 10 отсто“, рече извршниот директор Лука де Мео во својот ажуриран стратешки план, а марката ќе достигне 15 отсто до 2030 година. Тоа ниво е слично на она што сега го постигнуваат премиум брендовите како BMW и Mercedes-Benz.
Dacia сега е подготвена да го нападне попрофитабилниот компактен сегмент, почнувајќи од актуелниот кросовер Jogger со седум седишта. Компактниот SUV, Bigster, треба да се појави во 2024 година, а потоа до 2030 година ќе следат уште два компактни модели.
„Dacia храбро ќе влезе во компактниот сегмент, каде што маргините се најмалку двојно повисоки од денешните“, вели Де Мео, кој ја опишува Dacia како златна кокошка на Renault.
Се чини дека моделот Sanderо ќе остане важна мамка за клиентите, но идејата е да се тргне и во сегменти каде што маржите и профитот се многу повисоки.