Дали би платиле 9,5 милиони долари за да одседнете во првиот хотел во вселената?

0

Годишен одмор во хотел со поглед на Земјата? До 2022 година, ова би можело, за некој, да стане реалност

Секако, ако сакате да бидете меѓу првите кои ќе отидат на туристичко патување низ вселената и да се сместите во првиот хотел во вселената, ќе треба да имате „подебел“ паричник. Американската компанија Orion Span планира да изгради хотел кој ќе кружи во орбитата на Земјата и ќе обезбеди можност за одмор за заинтересираните „вселенски туристи“.

За престој во 42 квадратни метри за 12 дена ќе треба да се одвојат неверојатни 9,5 милиони долари, а дека заинтересирани има, показател с информациите според кои компанијата веќе добила резервации по цена од 80,000 долари.

Хотелот кој всушност е модуларна вселенска станица ќе се вика Aurora Station, а во него во исто време ќе може да се угостат шест лица, двајца членови на екипажот кои ќе се грижат за „вселенските туристи“ и четири туристи. Освен што ќе се трудат на туристите да им биде удобно, членовите на екипажот ќе вршат истражувања и експерименти, како што е раст на овошје и зеленчук.

„Orion Span има развиено технологија која овозможува да дизајнираме и направиме вселенска станица. Aurora Station ќе биде лансирана во 2021 година како прв луксузен хотел простор, а во почетокот на 2022 година ќе биде домаќин на првите туристи, астронаути, истражувачи и други заинтересирани страни“, вели извршниот директор на Orion Span, Френк Бунгер и додава: „Ние имаме цел Aurora Station да расте и да се одговори на потребите пазарот. Кога ќе стигнеме до полн капацитет, едноставно ќе лансираме уште една вселенска станица која ќе се поврзе со Aurora Station. Како што ќе расте интересот, ние ќе почнеме да продаваме вселенски станови.

Идејата е на „вселенските туристи” да им се понуди искуството на астронаутите во вселенските станици. Тоа е причината зошто во Aurora Station се убедени дека луѓето ќе поминуваат повеќе време гледајќи низ прозорецот кон Земјата, наместо да бараат услуга од пет ѕвезди.

Гостите би требало да ги превезува некоја од приватните компании како SpaceX или Blue Origin.

Покрај тоа што „вселенските туристи“ ќе мора да имаат доволно пари за да платат за патувањето, тие ќе треба да поминат и лекарски прегледи, како и обука од три месеци.

За оние на кои 9,5 милиони долари им се малку премногу, од Orion Span велат дека цената ќе се намалува како ќе се зголемува интересот. Но, ова секако нема да се случи пред средината на 2020 година.



Loading...
Споделете.

Коментарите се затворени.

Translate »