Првите фотографии и детали за новиот BMW M2 Competition се појавија на интернет

Она што е потврдено е дека BMW M2 Competition ќе има 6-цилиндарски twin-turbo S55 агрегат со работен волумен од три литри, како и во моделот М4, со тоа што во новиот модел ќе развива 410 КС и 550 Nm вртежен момент и ќе биде поврзан со автоматски менувач со двојна спојка. Благодарение на оваа конфигурација, новиот M2 Competition од 0 до 100 km/h ќе забрзува за 4,2 секунди.

Сè уште нема информации за максималната брзина, но без оглед на тоа, краткото меѓуоскино растојание, погонот на задните тркала и компактноста на автомобилот со сигурност гарантираат возбудливо возење.

Што се однесува до визуелните модификации, тие ќе бидат минимални – M2 Competition нема да се разликува премногу од стандардниот М2 модел. Најголемата разлика е црната маска (решетка) на ладилникот и нешто поголемите доводи за воздух. Ретровизорите се од M4, а фелните се црни. Тука е и новиот дифузер.

Што се однесува до внатрешноста, во салонот ќе бидат поставени седишта од моделот М4, црвено копче за стартување и веќе познатите копчиња на воланот од М1 и М2, преку кои може да се прилагодуваат елементите на возење.

BMW M2 Competition официјално треба да биде претставен овој месец на Саемот за автомобили во Пекинг.