Daimler наскоро ќе ја изгуби целосната контрола над F1 тимот
Најновиот извештај за акционерите и инвеститорите покажува дека Daimler наскоро ќе ја изгуби контролата над F1 тимот, а со тоа и улогата на носител на одлуки
Daimler потврди дека дел од нивните акции се на продажба. Тие веќе продадоа дел од своите акции во декември минатата година и моментално Тото Волф, Daimler и ИНЕОС поседуваат по 33,3% од акциите на тимот.
Сепак, според последниот извештај, Daimler не ја завршиl продажбата на акции од тимот.
„Очекуваме дека на крајот од првата половина на 2021 година, Daimler повеќе нема да има целосна контрола врз F1 тимот“, се вели во извештајот за првиот квартал од 2021 година.
Тимот ќе продолжи да постои, но јасно е дека интересот на Daimler се намалува. Откако ќе заврши продажбата, компанијата веќе нема да има контрола врз одлуките донесени на ниво на тимот од Брекли.
Договорите за снабдување со мотори со Williams, McLaren i Aston Martin нема да претрпат никакви последици, а истото важи и за фабричкиот тим.