Dacia го претстави новото лого и брендинг за 2022 година / ФОТО+ВИДЕО
Dacia е на пат да го модернизира идентитетот на брендот со ново лого, амблем и маслинесто зелена колор шема, што јасно испраќа сигнали дека романската марка повеќе ќе се фокусира на теренските можности и „зелените“ атрибути
Автомобилите на Dacia ќе ги краси ново лого и амблем од втората половина на 2022 година, а продажните салони ќе се префрлат на новиот корпоративен идентитет во почетокот на следната година.
Романската компанија вели дека новото лого, кое ги комбинира и рефлектира буквите „D“ и „C“ во редефиниран тип, „дава впечаток на цврстина и стабилност“ и го одразува „поедноставниот и умешен начин на размислување на марката“. Новата ознака првично се појави на концептот Dacia Bigster на почетокот од оваа година.
Овие два визуелни дела се полни со значење.
„Тие ја рефлектираат робусноста на возилата на Dacia, квалитет што продолжува да им служи на милиони клиенти на дневна основа“, велат од компанијата. „Графичкиот дизајн на брендот е наменски поедноставен, како потсетување дека нашата марка го фокусира вниманието на она што е од суштинско значење.
За маслинесто зелената колор шема се вели дека предизвикува поврзаност на брендот со природата, симболизирајќи ги теренските можности на возилото, нивната пониска цена и преминот кон почиста енергија. Чисто електричната Dacia Spring веќе е подготвена да излезе на европскиот пазар.