Помалку нормално, повеќе MOKKA

„Помалку нормално. Повеќе Mokka“, е слоганот на најновата кампања на брендот Opel. Поврзувајќи го модерното и стилското со антитрадиционалното, во еден од урбаните локали на градот, Casa Bar во Дебар маало, беше претставен новиот модел во својата Black Perla Nera комбинација на бела боја со црвено-црни елементи, кои ги истакнуваат стилските линии на најновиот модел во гамата на брендот.

Присутните имаа можност да се запознаат одблиску со Новата Opel Mokka и да посведочат на драстичните промени кои успешно ги има воведено Брендот во овој нов модел. Почнувајќи од платформата врз која е базирана и поставена каросеријата на моделот па сé до внатрешниот ентериер кој што доби целосен дигитален детокс, носејќи го искуството при возењето на ново ниво – дополнително засилено со уникатни комбинации на ткаенини, елементи за декорација и внатрешен покрив што одговара на вашиот стил.

Секоја линија, од самоуверената силуета на SUV до силниот графички идентитет, зборува за самодоверба, изразен стил и најнова германска технологија. Mokka има непогрешливо смел став, возило што се издвојува од толпата со самоувереност и индивидуален стил.

Како и да гледате на неа, во Mokka ќе најдете смел избор на дизајн и прогресивни карактеристични акценти. Од погонот па сѐ до извајаните задни фарови Eco-LED кои хармонично го реплицираат препознатливиот визир. Mokka не наликува на ниеден друг автомобил на патот, а вие можете да го персонализирате вашето индивидуално присуство на патот со вашиот избор на опции за покривот и хаубата.

Овој модел може да се нарача и во електрична верзија.

„Новата Mokka е забавна, ефикасна и иновативна. И со право го носи слоганот „Помалку нормално. Повеќе Mokka. Овој модел го комбинира елегантното и чистото визуелно искуство со моќната експресивност. Секој детаљ на новата Mokka е внимателно креиран и осмислен така да се допадне на потенцијалните клиенти уште по првиот поглед. Се надеваме дека овој модел ќе им се допадне на клиентите и дека ќе предизвика во нив емоции кои дизајнерските експерти ги предвиделе при креирањето на истиот“ – Изјави Кирил Воиновски, Генерален Директор во Еуроимпекс.

Новата Opel Mokka ќе може да се набави со два турбо-бензински или еден турбодизел, а тука е и електричната Mokka-E. Во зависност од изведбата, Mokka ќе може да се добие со 6-степен мануелен или 8-степен автоматски менувач. Бензинците се со зафатнина од 1.2 литри и испорачуваат 100 или 130 коњски сили, додека турбодизелот е со зафатнина од 1.5 литри и испорачува 110 коњски сили.

Доколку сте подготвени да искусите предизвикувачки, современ стил, кој возењето го издигнува на едно сосема ново ниво, обратете се кај овластените дилери, во „Аутомакедонија“- Скопје и „Ауто Цем“ – Тетово, или во „Еуроимпекс“ Генерален увозник за Opel.