Да се биде во тренд: И Bentley подготвува купе верзија на својот SUV
Ни се допаѓало или не, SUV Coupe сегментот полека ги освојува автомобилските пазари ширум светот
Неодамна Audi го претстави својот Q8, а во најава е уште еден Coupe SUV од Volkswagen Group.
Станува збор за Bentley Bentayga Sport кој ќе биде поагилен и поспортски модел споредбено со стандардната верзија.
Главната карактеристика секако ќе биде кровната линија која гледано кон задниот дел ќе опаѓа, што од друга страна ќе има влијание на просторот за главите на патниците на задната клупа, како и капацитетот на багажниот простор.
Bentley неодамна најави уште помоќна верзија на Bentaygа со ознака Speed, а многу е веројатно дека всушност станува збор за споменатата купе верзија, но со моќен W12 агрегат.