За време на најновата серија на тестови за безбедност од страна на Euro NCAP, тестирани се три нови модели. Два од нив, корејските преставници летово премиерно на европскиот пазар.

Тестовите покажале дека не сите автомобили заслужуваат максимална оценка од 5 ѕвезди.

Податоците презентирани од страна на Euro NCAP покажуваат дека Genesis G80 обезбедува највисоко ниво на безбедност меѓу сите три модела. Корејската лимузина има резултат од 91% за заштита на возрасни, 87% за заштита на деца и 77% за заштита на пешаци. Безбедносната опрема е оценета многу добро – 91%. Крајниот резултат е, се разбира, 5 ѕвезди.

Резултатот на Genesis GV80 е малку полош, но сепак со максимален рејтинг. Корејскиот теренец добил идентична оценка за заштита на возрасните патници (91%) и децата (87%). Нешто полош е резултатот во однос на заштитата на пешаците (66%) и опремата со системи за помош (88%).

На крајот доаѓаме до францускиот Citroen C4 чиј резултат е 76% во категоријата заштита за возрасни, заштитата на децата се проценува на 83%, а заштитата на пешаци – 57%. За стандардна опрема за безбедност, францускиот кросовер постигнал резултат од 63%, што во крајна линија значи и само 4 везди за Citroen C4.