Надзорната камера снимила нереални сцени по сообраќајна незгода

Предрасудите кон возачите на BMW не се невообичаени, а бидејќи со своите „возачки вештини“ често ја полнат рубриката „Црна хроника“, излегува дека тие се „најголемото зло“ на патиштата.

Иако не треба да се генерализира, особено не возачите според изборот на марка на автомобилот, факт е дека поединци зад воланот на BMW имаат поголема тенденција да се однесуваат неодговорно.

Последниот пример доаѓа од Белград, а се работи за снимка од надзорна камера која снимала нереални сцени.

Откако излетал од патот и притоа искршил неколку жардинери, возачот гордо позирал пред неговото уништено BMW. Интересно, дури на на сопатниците ништо не им е чудно, па спремно ги извадиле мобилните телефони и го снимиле својот пријател пред уништениот автомобил.

По неколку фотографии, триото лежерно го напушта местото на незгодата.