Chevrolet повторно „го убива“ Camaro?
Американскиот автомобилски бренд Chevrolet повторно може да го укине производството на моделот Camaro
Chevrolet тоа веќе и направи еднаш во 2002 година, а како што стојат работите тоа ќе се случи и по втор пат.
Американските медиуми пишуваат дека Camaro нема да премине на новата платформа на general Motors наречена Alpha на која веќе се поставени Cadillac CT4 и CT5, што е јасен знак дека повеќе нема да биде ниту произведуван од 2023 година.
Chevrolet не ја потврдува ниту пак негира оваа вест, напротив се фокусира и потсетува дека оваа есен доаѓа Camaro LT1 со V8 мотор и често наградуваниот SS.
Со 50.963 продадени единици минатата година, моделот во САД сво класа на таканаречените muscle car е дури на третото место зад Dodge Challenger (66.716) и Ford Mustang (75.842).
Се чини дека Camaro ќе ја доживее истата судбина како и многу модели на GM последниве години, прекинување на производството поради слаба продажба.