Францускиот производител на суперавтомобили, Bugatti, го најави својот нов Divo модел

Bugatti Divo, базиран на Chiron, ќе дебитира во Монтереј на 24-ти август. Врз основа на се она што се знае досега, се очекува најбрзиот и најдинамичен Bugatti досега.

Bugatti засега нема откриено детали за супер-купето, туку само неговата силуета, иако се приметени Alcantara, OLED задни светла и големо подобрување во однос на аеродинамиката.

Директорот на Bugatti, Стефан Винкелман, вели дека Divo ќе биде доста агилен, но не открива со колку „коњи“ ќе располага.

Се шпекулира дека ќе го добие W16 агрегатот од Chiron со четири турбокомпресори кој ќе развива 1.517 КС со забрзување од 0-100 km/h за 2,5 секунди.

Она што сигурно се знае е дека цената на Bugatti Divo ќе биде 5 милиони евра, а производството ќе биде ограничено на 40 единици.