Научете да ги препознавате симптомите пред да почнат да предизвикуваат проблеми

Британскиот институт за напредни возачи (IAM), во соработка со Бен, независна добротворна организација која обезбедува поддршка за луѓето во автомобилската индустрија, има неколку корисни совети за возачите под стрес.

Добротворната организација вели дека стресот влијае на сите нас од време на време, што не е добро, особено во ситуации кога треба да се концентрира на нешто што само по себе може да биде многу стресно, како што е возењето.

Прво, треба да научиме да ги препознаваме знаците кои укажуваат на тоа дека сме под стрес. Луѓето реагираат поинаку на стрес, а еве за што станува збор:

  • Лесно се вознемирувате во комуникацијата со колегите, пријателите или семејството
  • Чувствувајќи недостаток на внимание, заборавате и лошо сте расположени
  • Имате мисли кои ве оптоваруваат
  • Не можете да се „исклучите“
  • Станувате тивки и повлечени
  • Премногу или премалку јадете
  • Пушите, пиете алкохол или земате психоактивни супстанции
  • Чувствувате напнатост во мускулите
  • Имате главоболки
  • Се чувствувате лошо
  • Не спиете добро и страдате од несоница
  • Почесто се разболувате.

Еве и неколку совети за тоа што треба да направите пред да влезете во автомобилот кога сте под стрес:

  • Прошетајте кратко наоколу местото на живеење или онаму каде што се наоѓате, дишете свеж воздух и обидете се да се ослободите од секојдневниот стрес.
  • Почекајте додека не се почувствувате смирени, трезвени и доволно добри за да појдете на пат. Возењето само по себе може да биде стресно, особено во сообраќајни метежи, па ако веќе сте под стрес, работите веројатно ќе се влошат.
  • Обидете се да ги рационализирате работите со длабоко дишење пред да се најдете зад воланот. Не мора да бидете духовен човек за да се има придобивки од медитацијата. Оваа техника може да ја употребува секој, а се покажало дека значително го намалува стресот и анксиозноста. Ако медитацијата ви е непознаница, постојат апликации кои можат да ви помогнат во оваа област, исто како и лекциите од бесплатниот проект Mindfulness.
  • Ако се чувствувате лошо поради стрес, имате главоболки и гадење, мора да бидете сигурни дека сето тоа сте го неутрализирале пред да седнете зад воланот. Пијте многу вода и дишете свеж воздух.
  • Напишете листа на работи кои ви предизвикуваат стрес и поставете временско ограничување за да се ослободите од нив. Понекогаш е корисно да се запишат оние работи кои ве загрижуваат, како и времето кое ќе си го поставите за да се ослободите од нив, што помага за разбистрување на умот.
  • Дали стресот ви носи проблеми во смисол користење на алкохол, наркотици или зависност од никотин? Мора да бидете свесни дека овие супстанции може да бидат во вашето тело пред возењето. Ако се борите со било каква зависност, важно е да побарате помош.
  • Ако имате проблеми со спиењето и несоница предизвикана од стрес, мора да обрнете внимание да не седнувате зад возлан кога сте уморни. Во случај на поспаност, погрижете се безбедно да се исклучите од патот и да се одморите. Според истражувањата, речиси 20 отсто од сообраќајните незгоди на патишта се предизвикани од заспивање зад управувачот.

Отворањето и споделувањето на проблемите со најблиските понекогаш може целосно да ги промени работите и да помогне во изнаоѓање на решение.