Bugatti Chiron Pur Sport ja „пушти ергелата од 1.500 коњи“ на патека / ВИДЕО
Bugatti ги изведува завршните тестови на специјалната хиперспортска верзија на Chiron
Моделот Chiron Pur Sport излезе на патеката Билстер Берг во Германија за инженерите на компанијата Bugatti да можат да соберат вредни податоци од возењето кои ќе бидат искористени за фино подесување на овој автомобил. Споредено со стандардната верзија на моделот Chiron, Pur Sport е околу 50 килограми полесен и располага со поголем downforce.
Целата конструкција е поцврста за автомобилот да може подобро да се однесува во кривините, а ажуриран е и менувачот.
Како и стандардниот Chiron, Pur Sport користи моќен W16 мотор со 1.500 КС при 1.600 Nm. Моќноста до тркалата се пренесува преку 7-степен автоматски менувач со двојна спојка.
Bugatti најави дека производството на Chiron Pur Sport ќе биде ограничено на само 60 единици, а првите возила фабриката ќе ја напуштат во втората половина на 2020 година.
Почетната цена на овој автомобил е 3 милиони евра.