Bugatti Chiron на германски автопат! Вака изгледа „летање“ со 414 km/h / ВИДЕО
Многу луѓе тврдат дека Chiron е крал на спортските автомобили. И навистина е тешко е да не се согласите со тоа тврдење
Bugatti Chiron е преполн со модерна технологија, но во исто време останува верен на конвенционалните решенија за погонски мотори. Тој е еден од последните претставници на старата гарда, која полека им го отстапува местото на електричните наследници.
Срцето на овој извонреден модел е 8-литарски, 16-цилиндерски бензинец, кој на корисникот му дава дури 1.500 коњски сили и 1.600 њутн метри. Тој е поврзан со засилен автоматски менувач кој го пренесува овој огромен потенцијал на двете оски.
Перформансите на оваа машина се навистина брилијантни. Според фабричките податоци, Bugatti Chiron во оптимални услови може да достигне 100 km/h за 2,5 секунди и да испорача максимална брзина од 420 km/h. Малку се оние кои може донекаде да му парираат, како Koenigsegg Regerа и Hennessey Venom GT.
На интернет се појави видео од германскиот Autobahn на кое се гледа како овој уникатен автомобил забрзува. Мерењето завршува „само“ на 414 km/h.
Уживајте и не се обидувајте ништо слично!