Со оглед на состојбата на возилата по судирот, фактот дека нема повредени е вистинско чудо

Во западниот дел на Висконсин, автопат покриен со мраз довел до голема сообраќајна несреќа во која учествувале повеќе од 40 возила. Инцидентот се случил во раните утрински часови на 23 декември, а иако сцената изгледа застрашувачка, нема информации за повредени.

Извештаите за несреќата почнале да пристигнуваат околу 5:45 часот, а се започнало откако камион се излизал во средишниот дел од автопатот и се запалил. Во тој предел врнел леден дожд кој ја покрил површината на патот со мраз. Судејќи според објавата на Wisconsin State Patrol на Facebook, работите потоа станале уште полоши.

На видеото, објавено на YouTube од страна на TMJ4 News, се гледаат возила во пламен, од кои некои се превртеле. Друг клип на Facebook, кој е можеби најдраматичен од сите, прикажува автомобили кои возат покрај огнот и други автомобили и камиони „расфрлена“ наоколу.

Автопатот веднаш бил затворен, а тоа е делот I-94, кој е многу фреквентен и служи како главна рута за сообраќај на камиони поврзувајќи ги Минеаполис и Чикаго. Со оглед на купот свиткан метал и возилата во пламен, фактот дека никој не е повреден може да се нарече вистинско божиќно чудо.

Извор: Jutarnji.hr