Во не премногу интересни и содржински квалификации за првата европска трка во сезоната, пол-позицијата отиде во рацете на Валтери Ботас!

Финецот со повеќе од половина секунда доминантно го освои првото место пред својот тимски колега Луис Хамилтон. Третото место му припадна на Себастијан Фетел!

Четвртото место отиде во рацете на Макс Верстапен, а петти беше Чарлс Леклерк, кој се мачеше за време на квалификациите. Пјер Гасли го освои шестото место, додека седми и осми беа возачите на Haas, Ромен Грожан и Кевин Магнусен.

Даниел Квајт и Даниел Рикардо ja заокружија најбрзата десетка.

Трката за ГН на Шпанија се вози денес со почеток во 15.10 часот.