Една година по студијата наречена Concept i4, BMW официјално ја покажа сериската верзија на својот нов електричен модел i4. Барем надворешноста

Германците најавија дека и покрај проблемите предизвикани од коронавирусот, тие се подготвени за негово производство, кое ќе се одвива во фабриката во Минхен. BMW претходно потврди дека завршиле обемно преструктуирање и адаптација на фабриката без компликации, што ги чинело околу 200 милиони евра.

Серијата i4 е една од вкупно 25-те електрифицирани иновации на BMW до 2025 година, од кои 12 се целосно електрични (вклучувајќи ги и iX и iX1).

BMW i4 е опишан како целосно електричен Gran Coupe со четири врати и ќе се разликува од стандардниот Gran Coupe од Серија 4 од новата генерација (што допрва ќе пристигне) по различните тркала и браници, како и сините детали.

Баварците досега не објавија многу технички детали, но познато е дека овој ривал на Model 3 на Tesla се базира на платформата CLAR, при што една од понудените верзии ќе нуди 390 kW / 530 КС и 80 kWh литиум-јонска батерија. Оваа верзија на BMW i4 од 0 до 100 km/h ќе забрзува за околу 4,0 секунди.

BMW претходно објави дека 80% од капацитетот на батеријата на брз полнач ќе може да се полни за околу 35 минути, а автономијата, во зависност од верзијата, ќе биде до 590 километри по WLTP. Претходните информации велат дека во иднина ќе бидат достапни и други верзии (вклучувајќи го и моделот BMW M Performance), со различни нивоа и опсег на моќност.

Конечно, i4 ќе ја добие и најновата верзија на инфо-забавниот систем BMW iDrive.