BMW Серија 1 на „тест на северниот елен“ – за прв пат со преден погон / ВИДЕО
Во својата последна генерација, BMW Серија 1 прејде од заден на преден погон, па многумина се прашуваат дали тоа се рефлектира во возните карактеристики на овој модел
Возачите на BMW можеби не се на добар глас, но моделите на BMW секако се. Нивните автомобилите се ценат поради нивните спортски перформанси, односно нивната исклучителна динамика на возење.
Тестот ја одредува максималната брзина со која возачот (и автомобилот) можат нагло да го променат правецот на патување, додека ја одржуваат стабилноста на возилото и посакуваната патека за движење. Едноставно кажано, тестот симулира ненадејна средба со пречка и обид да се избегне тоа.
Тестот започнува со брзина од 77 km/h со која многу автомобили имаат проблем, iсто како и BMW Серија 1. Сепак тестот е поминат со многу солидни 73 km/h – доволно за проаѓање и добри оценки. Тестниот примерок е со стандардна суспензија и гуми Bridgestone Turanza T005 225/40 R18.