Загадувањето на воздухот, сообраќајниот метеж, лошата патна инфраструктура, возачи кои се постојано подготвени за кавга, се само некои од факторите што го прават еден град добар или лош за возење

До оглед на тоа дека милиони луѓе се жалат на сообраќајот во градот во кој секојдневно возат, британскиот Mister Auto одлучил да спроведе истражување кое ги открива најдобрите и најлошите големи градови за возење.

А кои се критериумите за ова рангирање. Од Mister Auto собрале податоци во три главни категории – инфраструктура, безбедност и цена, за стотици градови низ целиот свет, а потоа го скратиле списокот на 100 градови.

Во рамките на секоја категорија биле испитани голем број фактори, како што се бројот на автомобили по глава на жител, метежот во сообраќајот, квалитетот на патиштата и јавниот превоз, квалитетот на воздухот, однесувањето на возачите во сообраќајот, цените на горивата, годишниот данок за патишта….

Сумирано ова се најдобрите 10 градови за возење:

Од друга страна, ако живеете (и возите) во следниве градови, вие навистина имате проблем:

Скопје и градовите од околината не се на оваа листа, иако препоставуваме дека сигурно не би биле во годниот дел од рангирањето.

Повеќе за целото рангирање и комплетната листа на следниот линк.