Бројни производители на автомобили го најавија своето присуство на овогодинешниот Super Bowl

Меѓу оние кои подготвиле специјално видео за еден од најгледаните спортски натпревари во Америка е и BMW, кој на овој настан не е присутен од 2015 година кога го промовираше i3. Сега е објавено тизер видео за промотивното видео, а во него се гледа познатиот актер и поранешен гувернер на Калифорнија Арнолд Шварценегер во улогата на грчкиот бог Зевс. Дејството на самата реклама е непознато, но сосема е сигурно дека ќе има врска со електромобилноста.

https://youtu.be/pxXrtoZh6_k

И Nissan доаѓа на Super Bowl со реклама наречена Thrill Driver, во која главната улога ја има новиот модел од семејството Z. Најавното видео веќе има собрано над три милиони прегледи.

https://youtu.be/6q1hCi3Zs_w

Годинава своја реклама ќе има и General Motors, а како и претходните две години фокусот ќе биде ставен на електрификацијата. Својот настап го има потврдено и Kia. Тринаесеттата реклама на корејската компанија на Supr Bowl е долга 60 секунди и во неа се појавува новиот EV6.