Најновата гласина која доаѓа од Минхен е таа дека Баварците работат на развој на i7

Овој автомобил всушност e пандан на конвенционалната Серија 7, со тоа што како погон користи електрична енергија. Тоа значи голема лимузина со четири врати, а ќе биде многу интересно да се види стилот кој ќе биде презентиран од овој модел. Потсетување дека од BMW често пати негирале дека електричните модели ќе бидат премногу авангардни, бидејќи таквиот дизајн би ги оддалечил од голем дел од потенцијалните купувачи.

Германската марка го има заштитено името i7 уште во 2012 година, а планот е серискиот модел на пазарот да се појави 2022 година. Овој автомобил треба да биде врв на понудата на BMW кога станува збор за електричните автомобили.

Иако подолг период се шпекулира за потенцијален i7, засега сигурни информации нема. Од BMWblog, на пример, наведуваат дека овој електричен седан ќе има околу 650 коњски сили, а покрај тоа, треба да понуди прилично голема автономија на движење, благодарение првенствено на новата генерација на батерии. Се истакнува дека според протоколот WLTP, i7 треба да надминува 600 километри автономија со едно полнење на батерискиот состав..

Очекувањата се во наредните години BMW значително да го забрза лансиреањето и развојот на електрични модели, а самите Баварци велат дека очекуваат многу од настапите во Formula Е, првенствено поради развојот на нови технологии.