BMW купи батерии за 4 милијарди евра
Германскиот гигант BMW потпишал огромен договор со кинескиот производител на батерии Contemporary Amperex Technology (CATL) во вредност од 4 милијарди долари
Првиот човек за набавки во BMW, Маркус Деусман, вели дека производителот на автомобили ќе плати 4 милијарди евра за CATL батерии со кои ќе гу напојува своите електрични возила во следните години.
Договорот пристигнува откако BMW најави дека активно инвестира во сопствен развој на батерии. Договорот, на некој начин е завет кон кинеската експертиза за изработка на премиум батерии по добра цена.
CATL својата фабрика во Германија ќе ја отвори во регионот Турингија, а во првата фаза од проектот ќе инвестира околу 240 милиони евра. Во оваа фабрика ќе бидат изработни батерии во вредност од околу 1,5 милијарди евра.
Кинеската компанија планира да биде снабдувач на батерии за сите поголеми европски производители на автомобили, и ако проектот во Турингија биде успешен, во план се и други фабрики низ Европа.
BWM моментално купува батерии од два различни производители, но ја разгледува можноста и за соработка со трет. Германците во моментов преговараат со дури осум производители.