BMW ја изгради „Монца Сахара“ за X5 да може да си „игра“ во песок / ВИДЕО
Откако новата серија 8 успешно возеше по Венецијанските канали, нејзиниот повисок роднина, моделот X5, се одлучи да ја извози Монца, но во песокот на Сахара
Две недели, 50 работници работеле на создавање на кругот од познатата тркачка патека во пустината Сахара. Патеката долга 5,8 километри од Монца во природна големина е ископирана во песокот од пустината во Мерзуга, Мароко. Девет дена, четири булдожери и четири камиони ја подготвувале подлогата, а потоа на неа се донесени околу 3.500 квадратни метри материјал за да се подготви патеката.
Како и зошто, погледнете сами!