BMW i8 дефинитивно добива наследник
Еден од челниците на баварскиот бренд, Питер Хајнрих, потврдува дека брендот ќе лансира наследник на моделот i8
Она што се поставува како прашање е каков ќе биде претстојниот автомобил и како ќе се вика? Дали тоа ќе биде втора генерација i8 или пак сосема нов модел? Поверојатно е дека ќе биде второто, бидејќи генерално BMW не е особено задоволен од успехот на комплетната „i“ серија на автомобили, вклучувајќи го тука и i8.
Иако сè уште нема одговор на кое било од прашањата, Петер Хајнрих за британскиот Autocar потврдува дека дефинитивно наследник на i8 ќе има.
„Своевремено, i8 има направи фантастична работа во трансформирањето на целата индустрија. Новиот автомобил ќе мора да го постигне истиот ефект“, вели Хајнрих.