Mercedes и BMW би можеле да споделат технологија за автономно возење, како и некои други компоненти

BMW и Daimler би може да го следат примерот на Ford и Volkswagen во поделбата на платформи и технологии од новата генерација. Германскиот Handelsblatt цитира неименувани инсајдери од двете компании како извор на информации, но од извештајот е јасно дека сè уште ништо не е официјално и ниту еден документ не е потпишан.

Она што е најсигурно во целата приказна е соработката во врска со заедничката платформа за BMW Серија 2 и Mercedes A-класа. Според Handelsblatt, моделите од сегментот C, кои ќе ја споделуваат архитектура, нема да се појават пред 2025 година, бидејќи двата сегашни модели се релативно нови на пазарот.

Според извештајот, некои инсајдери во BMW и Mercedes не се задоволни од идејата. Очигледно е дека децениите жестока конкуренција не може туку така да се заборават.

Наместо тоа, главната цел на партнерството веројатно би се однесувала на намалување на трошоците поврзани со развојот на технологијата за автономно возење. Соработката би била барем делумна бидејќи, наводно, ќе се заснова на споделување на патенти, покрај заедничкиот развој. Двете германски компании се надеваат дека нивниот систем ќе стане стандард во автомобилската индустрија.

Уште еден дел од планот кој вклучува заштеда би можел да вклучи и некои клучни компоненти кои би биле заеднички за BMW и Mercedes. Извештајот на  Handelsblatt сугерира дека ова првенствено може да се примени на погонските системи и батериите.

Соработка од овој тип се чини дека е вистинско решение за многу компании. На пример, Ford и VOlkswagen објавија планови за заеднички развој на иден камионет со средна големина, ван од еден тон и помало урбано возило. Покрај тоа, американскиот и германскиот гигант потпишаа меморандум за разбирање за да ја испитаат можноста за соработка во областа на електрични возила, технологии за автономни движења и транспортни услуги.