Британскиот производител на супер-луксузни автомобили, јубилејот еден век постоење, ќе го означи со специјална ограничена серија на моделот Mulsanne

Bentley почнува да го прославува својот 100-ти роденден една година претходно, бидејќи W.O. Bentley ја основал компанијата во 1919 година.

Токму во негова чест, британскиот производител ќе лансира специјална верзија на моделот Mulsanne, наречена W.O. Edition by Mulliner, и планира да произведе само 100 примероци, од кои секој ќе биде нумериран.

Купувачите ќе можат да избираат меѓу две опции – 6.75-литарски V8 бензински мотор, со 505 КС послаба и моќност од 530 „коњи“ кој се користат во моделот Mulsanne Speed.

Првата верзија на автомобилот ќе забрзува до 0-100 km/h за 5.3 секунди, а другата за 5.1 секунда.

За оние кои сакаат поширок патнички простор, Bentley нуди варијанта со продолжено меѓуоскино растојание, но во овој случај, ќе мора да се задоволи со „поскромниот“ од двете енергетски единици.

Цената не е објавена, а првите примероци ќе пристигнат до нивните сопственици на почетокот од 2019 година.