Бизарно до максимум – на ова Subaru по судир моторот му излетал надвор! / ФОТО
Среќа во несреќа, иако автомобилот изгледа лошо, возачот претрпел само лесни повреди
Несреќата се случила во американската држава Јута, а очевидец тврди дека автомобилот се движел многу брзо, иако лимитот на таа улица е 50 km/h).
Повеќе детали за оваа несреќа нема, освен што возачот очигледно ги преценил своите вештини, ја изгубил контролата над возилото и удрил во друг, паркиран автомобил.
Колку лошо изгледа автомобилот може да се види од сликите. За поправка, тешко и да може да стане збор. Навистина е бизарно целиот мотор да излезе заедно со издувниот систем.