Пред само неколку дена Британецот го прекина молкот и се врати на социјалните мрежи.

Според германскиот весник Bild, Луис Хамилтон продолжил редовно да ги исполнува договорните обврски кон тимот, што значи дека ќе биде целосно подготвен за новата сезона. Неговиот договор со Mercedes истекува дури на крајот на 2023 година, а деновиве ја посетил фабриката на тимот, каде го дал својот отисок за седиштето за новиот болид, кој ќе биде претставен на 18 февруари.

Во последните два месеци многу се шпекулираше за тоа дали Хамилтон ќе продолжи да се натпреварува во Formula 1 откако ја загуби трката за ГН во Абу Даби, по што шампионската титула отиде во гаражата на Макс Верстапен. Mercedes неколку пати потврди дека Британецот ќе остане со нив и во иднина, што на крајот и се случи.