Со преку 350.000 продадени примероци, Macan е најпродаваниот модел на Porsche

Macan е далеку најуспешниот модел на германскиот бренд во однос на продажбата. Продаден е во повеќе од 350.000 единици од лансирањето во 2014 година. Минатата година, моделот беше продаден во три пати повеќе копии од моделот 911. Токму затоа, за да биде уште поконкурентен на пазарот, моделот поминал низ редовна рестилизација на средината на неговиот животен циклус.

Освежениот модел лесно се препознава од позади, бидејќи го краси лента која ги спојува куќиштата на задните светла. Што се однесува до анфасот, тој не добил толку видливи промени.

Сумирано, дизајнерскиот правец од Cayenne и Panamera Porsche продолжува на Macan. Новитетот, исто така, добил нова боја наречена Miami Blue, која се приклучува на останатите три бои во понудата. Надворешните промени се заокружуваат со нови бандажи од 20 и 21 инчи.

Што се однесува до салонот, централната конзола е надградена и на неа сега доминира поголемиот екран од инфо-забавниот систем. Дијагоналата е 11 инчи (порано 7) со проширена функционалност, вклучувајќи интелигентна гласовна команда и информации за сообраќајот во реално време. Macan, исто така, доаѓа опремен со апликација за мобилни телефони, со помош на која сопствениците можат да ги снимаат теренските егзибиции.

Друга очигледна промена во ентериерот е спортскиот управувач GT, наследен од 911, кој го носи спортскиот белег во амбиентот. Се разбира, тоа чини дополнително, а го краси и Sport Response копче, ако купувачот се одлучи за Sports Chrono пакетот. За добра атмосфера, исто така, задолжени се системот за греење на ветробранското стакло и јонизација на воздухот.

Porsche Macan 2019 vs Porsche Macan 2014

Porsche Macan 2019 vs Porsche Macan 2014

Инженерите на Porsche ја подобриле и шасијата, односно возните квалитети, а новите гуми треба да донесат повеќе забава за лицето зад воланот. Што се однесува до моторизацијата, нема информации, но како што од претходно се шпекулираше, сите единици треба да имаат поголема моќ. Враќањето на дизелскиот Macan не изгледа сосема веројатно, додека хибридниот е исто така отфрлен за сегашната генерација.

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1iFd3J5j7AgzVN-oHhrdfteCcpSBfibaZ” maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” slideshow=”1″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]

ВИДЕО